Достапни линкови

Иванов - веруваме дека ке се најде решение за спорот со името


На крајот од овој месец можно е да се оствари средба меѓу специјалниот посредник на ОН, медијаторот Метју Нимиц со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис за билатералниот спорт поврзан со уствното име на Република Македонија, изјави Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по денешната посета на припадниците на АРМ во скопскиот стационарен јазол за врски - Водно.
- „Ние веруваме дека ќе се најде решение и затоа и учествуваме во овој процес. Секој пат сме конструктивни и ги даваме сите нашите предлози како да се најде решение“, рече Иванов, додавајќи оти државниот врв има став, што го претставува Јолевски.
XS
SM
MD
LG