Достапни линкови

logo-print

Романија - преседавач на Црноморската економска соработка


Романија

Романија

Романија денеска го презема шестмесечното претседателствување со Организацијата за црноморска економска соработка од Грција.
Романија вети дека ќе ја интензивира економската мисија на Организацијата за црноморска економска соработка со акцент врз животната средина и енергетиката. Како дел од приоритетите на претседателствувањето Романија ги наведе и зајакнување на соработката во областа на внатрешните работи, посебно во борбата со организираниот криминал.
Организацијата за црноморска економска соработка е создадена на 25 јуни 1992 година со потпишување на заедничка декларација во Истанбул од 11 земји-членки основачи: Албанија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Грција, Ерменија, Молдавија, Романија, Русија, Турција и Украина. Србија станува членка на Организацијата во 2004 година.
XS
SM
MD
LG