Достапни линкови

Нова Година во Охрид


Новогoдишен амбиент во Охрид

Новогoдишен амбиент во Охрид

По ангажирањето на спонзори и бизнисмени, најавите за скромна прослава под отворено небо во центарот на Охрид, се заменија со спектакуларна забава.

Новата 2011 година во Охрид се дочекува и на земја и под вода, на градскиот плоштад, во хотелите, ноќните клубови и рестораните, а и во длабочините на Охридското Езеро. По ангажирањето на спонзори и бизнисмени, најавите за скромна прослава под отворено небо во центарот на Охрид, се заменија со спектакуларна забава, која ќе почне со дневна детска забава и Дедо Мраз кој со пакетчиња ќе пристигне на кочија, што вечерта ќе кулминираат со познати музички звезди.
Свечената забава почнува околу 21 часот со неколку познати Охридски предгрупи, продолжува со Скопската група Аренси бенд и Александар Делов, а Новата Година ќе ја пречекаме со Антониа Шола, познатата Хрватска пејачка звезда


,,Свечената забава почнува околу 21 часот со неколку познати Охридски предгрупи, продолжува со Скопската група Аренси бенд и Александар Делов, а Новата Година ќе ја пречекаме со Антониа Шола, познатата Хрватска пејачка звезда. Сето ова ќе биде зачинето на полноќ со убав огномет, а славениците ќе ги поздрави Охридскиот градоначалник Александар Петрески."

Вели Сашо Аљче, директор на "Охридски Комуналец", кој потврди дека 300 Охридски социјално загрозени семејства од градската власт ќе добијат новогодишни подароци пакети со прехранбени и хигиенски производи. На плоштадот се очекува 2011-та да ја дочекаат повеќе илајди граѓани и гости од земјава и соседните држави.

,,Во сите капацитети најминималната исполнетост е 60 одсто, а се движи до 90 одсто. Се надеваме дека ќе има резервации и доаѓања и во последен момент и сето тоа ќе резултира со добро организирана Нова Година секаде во сите објекти каде таа се организира и дека ќе има добра забава. Цените се најниски споредено со последниве пет години за организираниот дочек."
Во сите капацитети најминималната исполнетост е 60 одсто, а се движи до 90 одсто

Вели Дончо Танески, угостител од Охрид, претседател на ХОТАМ, според кого оваа ќе биде најмалку посетена Нова Година во последните пет години на ривиерата поради нискиот стандард на граѓаните и губењето на пазарите на Балканот по паѓањето на шенген визите и воведувањето евтини авио летови за Европа во соседните држави. Уникатна атрација на овие простори е подводната елка што по осми пат блесна во водите на Охридското Езеро кај Музејот на вода во Градиште, што на длабочина од три метри ја поставија и ја украсија нуркачите од клубот за подводни активности Охрид и нуркачкиот центар Амфора, кои први под вода со шампањско, Дедо мраз и поклони си ја честитаа Новата Година.

,,Ова го правиме поучени од тоа дека ние сме туристичко место и треба да дадеме нови содржини во развојот на туризмот во Охрид. Секоја година сите гости што доаѓаат тука веднаш не прашуваат каде е подводната елка да ја посетат, да ја видат. Интересно е што годинава нуркачите поставија уште една елка под вода во изворите на Свети Наум. Така да, сите туристи кои тука ќе дојдат за Новогодишните, Божикни и другите претстојни празници во јануари, ќе можат со прошетка со кајче по изворите на Свети да ја видат и таа прекрасна елка."

Вели меѓународниит нуркачки инструктор Милутин Секулоски-Мичо. Одбројувањето започна, нека ни е среќна и бериќетна полна со убавини и подобар живот Новата 2011-та година.
XS
SM
MD
LG