Достапни линкови

logo-print

Срекна нова 2011 во Македонија и светот.


Стотици милиони луѓе во светот денеска ја испраќаат 2010 и ја пречекуваат 2011 година.
По примерот на светските метрополи, веќе традиционално, највеселата ноќ се пречекува организирано и на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како и во другите градови во земјава.
Новата 2011 година први ќе ја пречекаат жителите на тихоокеанските острови Кирибати и Тонга и земјите на далечниот Исток, а последни неколку часови по нив жителите на западниот брег на САД и Аљаска.
Но, не сите вечер ќе го прослават почетокот на 2011 година.
Многу луѓе Новата година ја бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја. Таков е случајот со Евреите, Кинезите...
XS
SM
MD
LG