Достапни линкови

ФT: 2011, глобална криза во снабдувањето со храна


Британскиот весник Фајненшел Тајмс денеска објавува прогнози за 2011 година, меѓу кои е и таа дека заедничката европска валута еврото ќе опстане иако некои одделни земји можеби ќе решат да ја напуштат еврозоната. Не се предвидува обединување на двете Кореи, поради тоа што Кина се уште не била подготвенa за тоа. Интернет страницата Викиликс ќе ја задржи својата улога, но не и монополот што го има на објавувањето исклучително доверливи информации. Во 2011 ќе дојде и до глобална криза во снабдувањето со храна. Фајненшел Тајмс предвидува рекордни цени на неколку основни производи, пред се на житариците.
XS
SM
MD
LG