Достапни линкови

Експлозија во Атина, нема повредени


Силна експлозија денеска ја потресе Атина, јавија агенциите кои повикувајќи се на грчката полиција прецизираат дека експлозивната направа одекнала до еден затворен ноќен клуб во центарот на градот. Во експлозијата немало повредени, а била предизвикана материјална штета. Вчераутро, рачно изработена експлозивна направа, сместена на мотоцикл, експлодира во близина на зградата на основниот суд во атинскиот кварт Амбелокипи. Во овој суд на 17 јануари треба да почне процесот против членови на анархистичката група „Заговор на јадрата на огнот“. Групата ја презеде одговорноста за пакет бомбите, испратени до различни амбасади во Атина во почетокот на ноември.
XS
SM
MD
LG