Достапни линкови

logo-print

Украински ураниум тајно во Русија


Соединетите држави и помогнале на Украина со тајна операција да пренесе збогатен ураниум доволен за две нуклеарни бомби. Асошиетед прес јавува дека околу 50 килограми ураниум биле пренесени во Русија каде што бил осиромашен на ниво од кое не може да се прават бомби. Операцијата која завршила вчера била спроведена со пет летови во кои биле пренесени дваесетина специјални ковчези со ураниум. Украинскиот претседател Виктор Јанукович најави дека Украина сака да се ослободи од целиот збогатен ураниум.
XS
SM
MD
LG