Достапни линкови

Западот остро реагира за судскиот процес против Ходорковски


Потпаролот на Стејт Департментот Марк Тонер денеска изјави дека САД се загрижени поради обвиненијата за сериозни прекршувања на судскиот процес и злоупотреба на правниот систем. Изјавата се однесува на денешното објавување на казната од дополнителни 6 години затвор за поранешниот руски нафтен тајкун Михаил Ходорковски и неговиот партнер Платон Лебедев. Германската канцеларка Ангела Меркел изрази разочарување затоа што има впечаток дека политичките мотиви одиграле улога во судскиот процес. Потпаролот на француското министертво за надворешни работи Кристин Фагес ја повика Русија да ја земе в предвид загриженоста за начинот на кој е изведен судскиот процес.
И претседателот на Европскиот Парламент Јержи Бузек изјави дека со денешната пресуда Русија покажа дека има уште многу работа во реформирањето на судството.
XS
SM
MD
LG