Достапни линкови

logo-print

Радикална група е осомничена за бомбата пред судот во Атина


Пред Основниот Суд во Атина денеска експолдира бомба. Радикалната анархистичка група „Заговор на јадрата на огнот“ е осомничена за бомбашкиот напад.
„Заговор на јадрата на огнот“ е групата, што ја презеде одговорноста за пакет бомбите, испратени до различни амбасади во Атина минатиот месец.
Во писмо, објавено во ноември на грчката интернет страница Индимедија, грчката група повикува на бунт во Грција и неколку други земји.Во писмото е наведено дека нивните гласови треба да го означат почетокот на бунтот, од Буенос Аирес до Атина или Солун, од Чиле и Мексико до Франција и Белгија.
XS
SM
MD
LG