Достапни линкови

logo-print

ОН сметат дека постојат масовни гробници на Брегот на Слоновата Коска


Обединетите Нации ги обвинуваат безбедносните сили на лидерот Лаурент Гбагбо дека не им дозволиле на истражителите да пристапат до масовните гробвници за кои сметаа дека во нив се наоѓаат 80 тела. Владата на Гбагбо негира дека постојат масовни гробници на Брегот на Слоновата Коска. Шефот на секторот за заштита на човековите права на ОН Симон Музу изјави дека доколку Гбагбо дозволи пристап за истражителите, тие ќе бидат првите што ќе ги негираат овие наводи ако е вистина дека нема масовни гробници. ОН тврдат дека по спорните избори во земјата се забележани исчезнувања на политичари и бесправно апсење, а постои и сомневање дека безбедносните слили на Гбагбо киднапирале и мачеле политички противници.
XS
SM
MD
LG