Достапни линкови

Босна обвини 18 лица за шверц


Босанските обвинители денеска поднесоа обвиненија за 18 лица поради нелегално внесување на десетици Албанци во Западна Европа. Во соопштението од кабинетот на државниот обвинител е наведено дека криминалното дело е извршено во периот меѓу 2008 и 2009-та година . Поголемиот дел од осомничените се босански државјани, додека останатите се со хрватски, српски и словенечки пасоши. Поранешните републики на Југославија, Босна, Хрватска и Србија се дел од таканаречената балканска рута, која ја користат криминални групи за трговија на луѓе, дрога и оружје во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG