Достапни линкови

logo-print

Во потрага по Хаџиќ, пронајдено украдено вредно уметничко дело


Српската полиција во потрагата по обвинетиот воен злосторник Горан Хаџиќ откри украдена слика на италијанскиот сликар Амадео Модиљани.Полицијата извршила претрес во куќата на Зоран Мандиќ кој е осомничен дека му помага на Хаџиќ во неговото бегство.
Во куќата на Мадиќ полицијата открила педесетина платна со голема вредност, како и украдената слика од Модиљани, чија вредност се проценува на неколку милиони евра.
Хаџиќ и Ратко Младиќ се обвинети од Хашкиот трибунал за воени злосторства, и се уште се во бегство.
XS
SM
MD
LG