Достапни линкови

Дневен печат


Весници, магазини, печат...

Весници, магазини, печат...

Протестите на тутунарите, случајот околу Рамковски, анкетите за партиските рејтинзи, дел од темите во дневниот печат.

Што се однесува до пишаните медиуми, додека Утрински, Дневник, Време и Нова Македонија, со по една информација или текст дневно го следат случајот околу Рамковски, Вечер тоа го прави пак секојдневно, но со по неколку написи. Причините за ова се разбирливи.

Се бара Хеди

„Хеди се бара со потерница“, пишува ,,Утрински еден ден, „Пајажината плете, А1 не и' се дава на власта“, објавува другиот.

И Дневник информира за истото: „Пајажината ќе лови и други соработници на Рамковски“.

Нова Македонија насловува дека „Се' уште не сме ја виделе целата Пајажина“.

Време, пак, открива детали за притворот на Рамковски: „Се' додека се држат во притвор неговото семејство и другите управители, Рамковски одбива храна“, насловува весникот еден ден, за другиот ден да информира дека по апсењето на Рамковски, власта се фокусира врз медиумите и дека закани за апсење на новинарите на А1, Време, Шпиц и на Коха е ре не се испраќаат јавно, туку преку посредници и познајници.

Вечер, во едно издание, во низа „открива“ дека се „Поднесени 23 кривични пријави“, дека „Фирмите на Перо Наков бб нелегално заработиле на 17 милиони евра“, дека е „Упасен кланот на Велија“ и, веројатно да ја задржи формата на објективност, дека „Црвенковски смета дека тоа е брутална пресметка со неистомислениците“.

И за протестите на тутунарите, двата весника информираат секој од аголот на својата уредувачка политика: „Тутунарите пак излажани“, пишува на пример Време, додека Вечер насловува дека „Државата не им должи денар на тутунарите“.

Фингирани анкети?

Интересирање кај медиумите предизвика анкетата на Мународниот институт за блискоисточни и балкански студии од Словенија. Слично како и Утрински и Време, Дневник насловува дека „ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се рамо до рамо во анкетата на Институтот ИФИМЕС“, при што разликата во рејтингот меѓу двете партии се сведувала само на 3%.

Вечер, од своја страна, не спомнувајќи ја оваа анкета, ден потоа објави анкета на Институтот Димитрија Чуповски, кој важи за провладин, дека „Нема промена во рејтинзите на партиите“ и дека „Со ваква Влада, СДСМ уште долго ќе биде во опозиција“. Притоа, објави сосема други проценти од оние на меѓународниот Институт од Словенија - веќе познатите на јавноста во кои разликата меѓу оние за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е цели 11%.

Нова Македонија, во наслов ги прераскажува резултатите од анкетата на ИФИМЕС, во принцип објективно, но не спомнува дека бројот на граѓаните кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ се намалил, а оние за СДСМ - се зголемил.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG