Достапни линкови

Јосиповиќ:Зближувањето на Загреб и Белград не влијае врз ставот за Косово


Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ во интервју за приштински весник изјави дека зближувањето на Загреб и на Белград не влијае врз ставот на Хрватска за Косово. Тој додаде дека политиката на исклучување не е негов начин на работа и дека местото на Косово, како и на сите земји од регионот е во Европската унија, но оти пред интеграцијата „треба да се постигнат регионални договори за заедничкото наследство, а секоја земја поединечно да ги исполни стандардите на ЕУ“.
XS
SM
MD
LG