Достапни линкови

logo-print

Тачи го спореди извештајот на Марти со пропагандата на Гебелс


Косовскиот премиер Хашим Тачи во денешното интервју за швајцарски весник изјави дека извештајот на известувачот за Советот на Европа Дик Марти за трговија со органи во Косово потсетува на нацистичката пропаганда на Јозеф Гебелс. Тачи изрази жалење што извештајот не содржи докази и оцени дека станува збор за политичка одмазда. Тој додаде дека извештајот е обид за „криминализирање на борбата за ослободување од српската репресивна политика“.
XS
SM
MD
LG