Достапни линкови

БиХ ќе и плаќа пенали на Европската банка за обнова и развој


Босна и Херцеговина ќе треба да плаќа пенали во вредност од 820 илјади евра поради неупотребениот кредит од Европската Банка за обнова и развој. Кредитот во износ од 180 милиони евра наменет за изградба на коридорот 5 е одобрен во февруари минатата година, но во БиХ не покренале ниту еден проект кој се финансира од тие пари. Босанските медиуми јавуваат дека ова не е прв пат земјата да плаќа казнени пенали поради непочитување на финансиските договори со европски институции.
XS
SM
MD
LG