Достапни линкови

Тутунарите повторно на протести


Тутунарите бојкотираа некои од откупните пунктови

Тутунарите бојкотираа некои од откупните пунктови

Тутунарите револтирани од непочитувањето на договорот постигнат со Владата и со откупувачите повторно излегоа на протести.

По состанокот во понеделник вечерта, тие дадоа рок од 48 часа да видат дали ќе се почитуваат договорот, откупната цена на килограм тутун да е 170 денари. Изминатите два дена дел од откупните пунктови беа бојкотирани, тутунот не се предаваше, бидејќи не се почитуваше откупната цена. Сега тутунарите дојдоа пред Собранието на Македонија да си ги повторат барањата.

,,Откупната цена да достигне минимум 180 денари и отворање на сите пунктови."
Доколку денеска не ги слушнат овие барања ќе преземеме уште поригорозни мерки. За нас празниците се знае, без пари, празници неможе да чекаме


рече Кире Неделковски, член на Сојузот на тутунарите.
Како што беше и претходно најавено, доколку не се почитува договорот тие ќе продолжат со протестите, а овој пат ќе блокираат и патишта и гранични премини, без разлика што веќе почнуваат празници.

,,Доколку денеска не ги слушнат овие барања ќе преземеме уште поригорозни мерки. За нас празниците се знае, без пари, празници неможе да чекаме."

изјави Неделковски.
Тутунарите велат дека не дошле да преговараат со власта, туку само си го бараат она што претходно било договорено. За сега не добиле потврда дека ќе се сретнат со преставници од Владата.
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски при посетат на откупните пунктови во Прилеп изјави дека треба да се заштитат интересите на тутунарите и најави казни за откупувачите
Откупната цена да достигне минимум 180 денари и отворање на сите пунктови.
кои нема да го почитуват законот.

,,Ние сакаме да се почитува законот, да се изврши целиот откуп во законската форма, но истовремено тој откуп да не биде на штета на тутунарите."

Тутунарите велат дека квалитетот на тутунот е одличен,а цената на светската берза е иста како лани. Тие бараат само почитување на договорите за да можат да ја предадат годинешната реколта.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG