Достапни линкови

Недостаток од политички дијалог?


Власта и опозицијата со различни оценки дали во Собранието изминатата година имаше конструктивен политички дијалог.

На крајот од оваа година, од народните избраници побаравме оценка за работата на Собранието. На прашањето дали во законодавниот дом имаше политички дијалог меѓу партиите, добивме различни одговори од партиите на власт и опозиција. За владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во 2010 година, Собранието покажало подобрување во функционирањето и тоа пред се поради новиот деловник за работа.
Дијалогот кој што многумина се обидуваат да кажат дека не постои го имаме секојдневно и во тие координации, но и во договорањето во текот на секоја седница околу можноста да дискутираат повеќе претставници на опозицијата или на позицијата


,,Дијалогот кој што многумина се обидуваат да кажат дека не постои го имаме секојдневно и во тие координации, но и во договорањето во текот на секоја седница околу можноста да дискутираат повеќе претставници на опозицијата или на позицијата."

изјави Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ.
Со оваа оценка не се согласува Славица Грковска, пратеник на Социјалдемократскиот сојуз. Во Собранието нема политички дијалог, а довербата меѓу политичките партии е нарушена и тешко е истата да се поврати, посочува Грковска.

,,Политичкиот дијалог беше нарушен токму поради тоа што парламентарното мнозинство си донесе свој деловник без консултации со опозицијата, заради тоа што ВМРО ДПМНЕ беше обврзан со мајскиот договор што го направи со Али Ахмети да направи нови измени во деловникот."

Во текот на изминатата година бевме сведоци на неколку немили настани во Собранието. Излегувањето на пратениците од опозицијата од координации беше честа појава во оваа
Политичкиот дијалог беше нарушен токму поради тоа што парламентарното мнозинство си донесе свој деловник без консултации со опозицијата
институција.

,,Координациите во суштина треба да бидат суштински координации, а не технички, кога ќе има седница, кои точки ќе бидат на седницата итн."

На рабоатата ја Собранието различно гледаат и претставниците на албанкиот политички блок. Владејачката ДУИ смета дека политичкиот дијалог постои и оти за разлика од претходните години, собранието успешно функционираше.

,,Со надминувањето на недоразбирањата, со изгласувањето на промените на деловникот, сметам дека во 2010 година Собранието функционираше и како законодавен дом и како место каде што треба да се води политичкиот дијалог."


изјави Џеват Адеми од ДУИ.
Незадоволство пак постои од страна на опозиционата Нова Демократија Флора Кадриу од оваа партија вели дека работата на собранието во изминатата година била неефективна, неефикасна и недемократска.

,,Имаше отсуство на политички дијалог во насока на заедничко инвестирање за колективни интереси, за развојот на консензуалната демократија, за зацврстување на мултиетничката кохезија."

Неколкупати досега политичките аналитичари, како и претставници на меѓународната заедница укажуваа на потребата од политички дијалог во земјава, како и на недостигот на политичка култура во законодавниот дом. Меѓупартиските навреди и лични дискредитации меќу пратениците на власта и опозицијата беа редовен детаљ на собраниските седници.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG