Достапни линкови

,,Сиромашна" Нова Година


Новогодишно украсено Скопје
Новогодишно украсено Скопје

Повеќето од граѓаните велат дека за Нова година ќе останат дома. Оние пак што одлучиле да отпатуваат некаде надвор, гледаат да потрошат што помалку пари.

Ден пред дочекот на Нова година туристичките работници наместо да ги тријат рацете од големата заработувачка се жалат дека годинава имаат остварено најслаб промет и не им се пополнети аранжманите за туристичките дестинации, кои традиционално се нудат во овој период. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека за најлудата ноќ им е во план да останат дома со нивното семејство или пак да одат на плоштад.
Ние сме во години со жената, дома ќе си ја пречекаме Новата Година


,,Ние сме во години со жената, дома ќе си ја пречекаме Новата Година."

,,Имам мало дете и така некако најкомотно ми е дома."

,,На плоштад, ќе бидеме со големо друштво."

Претседателот на Асоцијацијата на туристички агенции на Македонија, Миле Спировски вели дека добивката им е прполовена во споредба со минатата година, а причината за тоа е
Имам мало дете и така некако најкомотно ми е дома
сиромаштијата во земјата. Оние граѓани кои се решиле да ги поминат новогодишните празници некаде надвор гледаат да потрошат што помалку пари, вели тој.

,,Како што кажува народот, кризата, немаштијата, беспарицата. Најевтините аранжамани ги бираат, како Бугарија во Сандански, Виена и Прага. Беа оваа година 170 до 180 евра, што никогаш не била."
Како што кажува народот, кризата, немаштијата, беспарицата. Најевтините аранжамани ги бираат, како Бугарија во Сандански, Виена и Прага

За потпретседателот на комората за туризам Александар Чоневски ситуацијата не е толку негативна. Тој вели дека има заинтересираност кај граѓаните за патувањата кои се нудат на пазарот за време на новогодишните празници, но признава дека заработката не е иста.

,,Искрено оваа година и не беше баш најсјајна односно во однос на минатата година може да се каже дека горе доле се слични години во поглед на она колку луѓе отпатуваа односно колку промет се направи по туристичките агенции, но во споредба со претходните години е навистина доста полошо споредено со претходните години наназад. Како и да е, дел автобуски, дел авионски аранжмани се реализираа."

Цените низ рестораните, дискотеките и кафулињата за прослава на Нова година се движат од 1000 денари па нагоре.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG