Достапни линкови

Брегот на Слонова Коска на работ на конфликт


Мировните сили на Обединетите Нации во Брегот на Слонова Коска најавија дека ќе ја бранат владата на избраниот претседател Аласане Кватара. Новиот амбасадор на таа земја во Обединетите Нации изјави во Њујорк дека Брегот на Слонова Коска е на работ на геноцид и оти нешто мора да се стори. Досегашниот претседател одбива да го признае поразот на претседателските избори што се одржаа во минатиот месец и да се повлече од функцијата. Илјадници жители на Брегот на Слонова Коска веќе ја напуштија земјата, страхувајки од ескалазија на тензиите.
XS
SM
MD
LG