Достапни линкови

logo-print

Верските лидери во Македонија повикаа на меѓусебно почитување


Поглаварите на црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонија, во заедничката новогодишна честитка до своите верници и сите граѓани во државата, повикуваат на меѓусебно почитување и толеранција меѓу верите и религиите, а воедно и на меѓуграѓанско почитување и достоинство кон секоја личност. ,,Очекуваме во Новата година, разликите во мислењата да не бидат повод за недоразбирања и омраза, туку за заемно почитување и збогатување на нашата различност, се вели во честитката од поглаварите на црквите, верските заедници и религиозните групи.
XS
SM
MD
LG