Достапни линкови

Експлозија на бомба во Атина, нема повредени


Пред зградата на судот во центарот на Атина изутрината експлодирала бомба, јавија агенциите, наведувајќи дека притоа немало жртви. Полицијата ја евакуирала зоната околу судот откако локалните медиуми примиле предупредување дека таму била поставена бомба. Од детонацијата биле оштетени прозорците на околните згради и возилата пред судот. Досега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата.
XS
SM
MD
LG