Достапни линкови

Црногорското Собрание ја изгласа новата Влада


Нов премиер на Црна Гора ќе биде досегашниот потпретседател на Владата и министер за финансии Игор Лукшиќ. За составот на новата влада и програмата на Лукашиќ гласаа за 46 од пратениците, против беа 25, а воздржани 2. Лукшиќ изјави дека неговата влада ќе ги спроведува приоритетите на претходниот кабинет и оти клучна задача ќе биде исполнување на криетриумите за почеток на преговори на земјата со Европската унија. Новата влада беше избрана по оставката на досегашниот премиер Мило Ѓукановиќ.
XS
SM
MD
LG