Достапни линкови

Мртвите веќе нема да гласаат?


Македонскиот министер за правда Михајло Маневски денеска изјави дека од избирачкиот список ќе бидат избришани речиси 15 илајди починати луѓе. Тој додаде дека во последниве 30 години не била евидентирана смртта на 15 илјади луѓе во матичните книги. Маневски најави дека од 1 јануари до 31 мај ќе се врши проверка во матичните книги на родените и на умрените за периодот од 1950 до 1980 година.Измените на изборниот законик се очекува да влезе во владина процедура по добивањето на мислењата од ОБСЕ/ОДИХР кон крајот на јануари идната година.
XS
SM
MD
LG