Достапни линкови

Концерт на гитаристот Дарко Багески


Македонскиот гитарист Дарко Багески во Културно информативниот центар во Скопје, ќе го одржи својот предновогодишен рецитал, кој наедно е и неговиот предмагистерки концерт кај славниот професор од соседна Грција, Костас Коциолис.

Дарко Багески, роден 1981 година, е редовен професор по гитара во ДМБУЦ Илија Николовски Луј и доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Тој наедно е врвен инструменталист кој својата наобразба ја стекнал во Музичкото училиште Павао Марковец во Загреб, а дипломирал на Високата школа за музика во Вајмар, Германија, во класата на прочуениот професор Рост. Постдипломски студии посетува на Државниот конзерваториум за музика во Солун во класата на професорот Рајхенбах, а магистерскиот испит е планирано да го полага идниот месец кај славниот Костас Коциолис. Во пресрет на овој чин, тој се одлучи во Салон 19.19 во Културно информативниот центар во Скопје, да го одржи својот предмагистерски и предновогодишен концерт, неговиот прв рецитал по пауза од скоро седум години.
Овој концерт за мене значи многу бидејќи програмата ја подготвува подолго време, го работев со светски виртуоз и дури сега ја чувствувам разликата со часовите вежбање претходно и часовите вежбање сега во моментот.


„Овој концерт за мене значи многу бидејќи програмата ја подготвува подолго време, го работев со светски виртуоз и дури сега ја чувствувам разликата со часовите вежбање претходно и часовите вежбање сега во моментот“, истакнува Багески.

За одбраната програма за овој рецитал гитаристот со дополна.

„Дел од програмата, некои композиции се мој сон уште од дете.“

Уметникот, покрај бројните мајсторски курсеви кај еминентни светски солисти по класична гитара, досега има реализирано бројни солистички концерти во земјава, соседна Грција, Хрватска и во Германија. Често настапува со Македонската филхармонија и со повеќе камерни состави и оркестри. Сепак, тој е особено горд на неговата работа како професор по класична гитара кој своето знаење им го пренесува на младите и вели дека во последно време извонредно многу пораснал интересот за овој инструмент и дека во земјава има многу таленти.

„Нашите деца се многу талентирани, ритмички се надарени, моментално во Македонија има експанзија на гитарата, сите сакаат да свират класична гитара.“

Од друга страна, наспроти редовните обврски како педагог, Багевски во 2011-та влегува и со желба за засилена концертна активност.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG