Достапни линкови

Мировни преговори на Брегот на Слоновата Коска


Тројцата западноафрикански лидери планираат в понеделник ќе се вратат на Брегот на Слоновата Коска за нова рунда на преговори со цел да се стави крај на политичката криза која настана по претседателските избори. Претседателите на Бенин, Капе Верде и на Сиера Леоне не успеаа на вчерашната средба да го убедат актуелниот претседател на Брегот на Слонова Коска Лаурент Гбагбо да се повлече од функцијата и да му ја отстапи на меѓународно признатиот претседетел Аласан Оутаба. Тие го предупредиле Гбагбо дека е можна воена интервенција доколку не се повлече по мирен пат. Во изминатиов месец според податоците на Обединетите нации 20 илјади граѓани побегнале од земјата стравувајќи од граѓанска војна а над 170 се смета дека се убиени.
XS
SM
MD
LG