Достапни линкови

Казна од 500 до 1500 евра за лажни податоци на пописот


Државниот завод за статистика соопшти дека пописот на населението во Македонија ќе се изврши од 1 до 15 април. Пописот ќе го извршат 20 илјади луѓе а првичните резултати се очекуваат да бидат готови на 15 јуни додека конечните во јуни 2012та година. Во секој дом ќе идат по двајца попишувачи и секое лице е обврзно да даде податоци, а за одбивање или недавање на точни податоци се предвидени санкции од 500 до 1500 евра. Пописот ќе се изврши на македонски, албански, турски, српски, ромски, влашки и бошњачки јазик.
XS
SM
MD
LG