Достапни линкови

Борисов бара повлекување на 33 амбасадори


Бугарскиот премиер Бојко Борисов побарал од претседателот Георги Прванов да повлече 33 бугарски амбасадори поради соработка со комунистичките служби за државна безбедност, јавуваат бугарските медиуми.
Бугарската Влада донесе одлука дека наместо 35, треба да бидат повлечени 33 амбасадори бидејќи двајца се генерални конзули и не треба да бидат санкционирани.
Дел од дипломатите за кои е побарано повлекување од нивната функција се наоѓаат актуелните амбасадори на Бугарија во ОН, Русија, Јапонија, Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија, Грција, Турција и Португалија.
XS
SM
MD
LG