Достапни линкови

Протести, па решение


Тутунарите и годинава преку протести ја „решаваа“ откупната цена

Тутунарите и годинава преку протести ја „решаваа“ откупната цена

Гаранција на најниската откупна цена за одредени стратешки земјоделски култури - решение за „традиционалните“ проблеми со протестите на земјоделците.

Веќе сме навикнати на напредок во земјоделството што се одвива според моделот неколку денови блокади и протести па договори за наоѓање решение. Последниот случај беше со тутунарите и откупувачите кои со часови постигнуваа договор за повисоки октупни цени. Со ова се ставени дводневните блокади во мирување во очекување да се испочитува ветеното. Поинаква беше ситуацијата со лозарите, но и тие најпосле постигнаа договор. Ова ја разви
Нема таква законска можност, меѓутоа за наредната сезона можат да постигнат решение во смисла: сакате да откупувате тутун, најниска цена за прва категорија ќе изнесува толку, за втора класа толку итн. Може да оди над таа утврдена цена, но не и
под неа.
дебатата за потреба од законско решение за одделни стратешки култури за кои владата ќе ја гарантира најниската откупна цена по примерот на некои земји од регионот, вели професор Илија Каров:

„Нема таква законска можност, меѓутоа за наредната сезона можат да постигнат решение во смисла: сакате да откупувате тутун, најниска цена за прва категорија ќе изнесува толку, за втора класа толку итн. Може да оди над таа утврдена цена, но не и под неа.“

Индикативен е примерот не само со тутунот туку и со пченицата. Сега и тука проблемите се големи. Еден килограм сега достигна цена од 15 до 17 денари, а за време на жетвата се нудеше по цена од осум денари. Треба владата да работи на тоа. Не за сите култури зошто нема право да се меша во пазарната цена, но за стратешките култури треба отсега да почне да размислува дали некои од законските решенија се применливи и кај нас, смета Каров:

Откуп на тутунот во Прилеп

„Тоа секогаш мора, а не владата чека непосредно пред жетвата да го решава проблемот. Тоа се решава сега пред зимскиот период. Македонија може да ги обезбеди целосно потребите од пченица, меѓутоа треба и добра стратегија и да се мотивираат
Секое незадоволство кај било кој од лозарите, до млекарите итн, политичарите се обидуваат да го искористат во свои цели.
производителите.“

Но, не секогаш се во право и производителите со оглед на она што се случува се во исти региони исти производители да штрајкуваат. Мириса и на политика, а тоа реално не добро, вели Ефим Шаклев од Здружението на фармери:

„Политиката што се меша, тоа е сосема друга работа. Секое незадоволство кај било кој од лозарите, до млекарите итн, политичарите се обидуваат да го искористат во свои цели и сакаат да профитираат на наша мака.“

Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци смета дека особено оваа година во се е замешана политика со ислучок на состојбите со грозјето каде не можеше да се најде решение:

„Тутунарите си имаа свои договори склучено со тие т.н. монополи. Сепак се надеваме дека се што досега е направено и на тие што нема да го испочитуваат договорот да им биде одземена лиценцата.“

Инаку, Танаров смета дека и посочувањата дека тутунот на свесткиот пазар се продава по други цени, а дека македонските монополи имаат мала зарботка се невистинити и не верува дека на монополите им останува мал профит.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG