Достапни линкови

logo-print

Почина легендарната пливачка Атина Бојаџи


По кусо боледување, на 66 години почина Атина Бојаџи, легендата на македонското маратонско пливање.
Врв на нејзината спортска кариера се смета препливувањето на Ла Манш во септември 1969 година. Ова нејзино достигнување ќе го инспирира режисерот Милан Ѓурчинов во 1975 година да го сними филмот „Исправи се Делфина“, во кој таа е еден од соработниците.
Атина Бојаџи беше светски шампион во маратонско пливање и повеќекратен победник на Охридскиот маратон. По успешната пливачка кариера, продолжува како тренер во белградскиот клуб „Црвена ѕвезда“, а потоа и во спортскиот центар во Лос Анџелес, САД.
Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет и го додели признанието великан на македонскиот спорт, а беше прогласена и за спортист на векот во Македонија.
XS
SM
MD
LG