Достапни линкови

Собрание ке дискутира за закони од финансиска сфера


собрание дебата

собрание дебата

Собранието денеска ќе ја продолжи 130. седница на која ќе дискутира за Дополнетиот предлог на закон за гранична контрола, а по него и за Предлог-законот за управување со движењето на предметите во судовите.
На дневен ред се и предлози за изменување и дополнување на неколку закони, меѓу кои - за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за даночна постапка, за персоналниот данок на доход, за денационализација, за регистрирање на готовинските плаќања, за основање Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, за прогласување на дел од планината Галичица за национален парк.
XS
SM
MD
LG