Достапни линкови

logo-print

Ултиматум до претседателот на Брегот на Слоновата Коска да се повлече


Западноафриканските лидери упатија ултиматум до претседателот на Брегот на Слоновата Коска Лоран Гбагбо да се повлече и да ја отстапи власта или ќе се соочи со надворешна воена сила. Ова барање го упатиле претседателите на Бенин, Капе Верде и на Сиера Леоне на вчерашната средба со Гбагбо во Абиџан. Ривалскиот претседателски кандидат Аласан Уатара беше меѓународно признат за победник на минатомесечните избори во Брегот на Слоновата Коска, но Гбагбо одби да го признае поразот, тврдејќи дека е жртва на меѓунарона завера предводена од Франција и САД.
XS
SM
MD
LG