Достапни линкови

Јужна Кореја бара обновување на преговорите


Ли Мјунг Бак

Ли Мјунг Бак

Претседателот на Јужна Кореја Ли Мјунг Бак повика на обновување на меѓународните преговори за затворање на нуклеарната програма на Северна Кореја. Тој предлага шестпартитните преговори да продолжат идната година и на нив да учествуваат двете Кореи, Јапонија, Кина, Русија и САД. Пјонгјанг пред две години ги прекина овие преговори, чија цел е прекинување на нуклеарната програма, во замена за економско и дипломатско признавање на земјата.
XS
SM
MD
LG