Достапни линкови

logo-print

Нема да се формира истражна комисија за изборите во Албанија


Со 69 гласа „против“, 59 „за“ и еден „воздржан“, албанскиот парламент го отфрли барањето на опозицијата за формирање истражна комисија за парламентарните избори од јуни минатата година. Според владејачкото мнозинство, не може да се формира ваква комисија, бидејќи предлагачот нема факти за тврдењето за манипулација со изборните резулати.
Лидерот на опозициските социјалисти Еди Рама го обвини премиерот Сали Бериша дека го држи парламентот во заложништво и оти со неприфаќањето на барањето за формирање истражна комисија уште повеќе се продлабочува политичката криза во Албанија. Рама истакна дека опозицијата ќе учествува на локалните избори закажани за мај наредната година, без оглед што Бериша и како што рече, неговиот пион Мета, не го сакаат тоа.
XS
SM
MD
LG