Достапни линкови

logo-print

Јосиповиќ: тужбите нема да ги загрозат односите со Србија


Иво Јосиповиќ со српскиот колега Борис Тадиќ

Иво Јосиповиќ со српскиот колега Борис Тадиќ

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ изјави дека нема причина одговорот на Хрватска на противтужбата од Србија за геноцид да ги загрози меѓудржавните односи, кои, како што истакна, бележат значајно подобрување. Коментирајќи го одговорот на Хрватска поднесен неодамна до Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Јосиповиќ истакна дека тоа е дел од нормален процес кој трае, оценувајќи оти не се случило ништо посебно. Хрватската тужба постои и има смисол се додека постојат причини поради кои е поднесена, затоа што владите на Србија и на Хрватска треба да оценат дали постојат услови за евентуално повлекување или за продолжување на спорот, нагласи Јосиповиќ.
XS
SM
MD
LG