Достапни линкови

logo-print

Црногорскиот парламент ќе гласа за нова влада


Игор Лукшиќ и Мило Ѓукановиќ

Игор Лукшиќ и Мило Ѓукановиќ

Парламентот на Црна Гора денеска ја продолжува расправата за составот на новата влада предложен од мандатарот Игор Лукшиќ, досегашен министер за финансии, а во текот на денов планирано е и гласање. Идниот премиер во парламентот изјави дека неговата влада нема да работи под ничие влијание, но истакна дека ќе ги задржи приоритетите на досегашниот шеф на владата Мило Ѓукановиќ. Опозицијата, пак, смета дека тоа ќе биде уште една „влада на континуитет“ и оти идниот премиер нема сили за коренити промени.
XS
SM
MD
LG