Достапни линкови

Ифимес: Мала е разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ


Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Според анкетата на словенечкиот институт Ифимес довербата во владечката партија ВМРО ДПМНЕ изнесува 22,1 додека во опозициската СДСМ 19,2 проценти. ДУИ пак има рејтинг од 8 насто додека по неа следува ДПА со 3 и Нова Демократија со 1,9 проценти. Според истражувањето бројот на неопределени е 25 проценти. Премиерот Никола Груевски е на врвот на листата на политичари со рејтинг од 17 проценти додека на второто место е Бранко Црвенковски со 10,5.
Анкетата е спроведена од 20 до 25 декември.

И Институтот „Димитрија Чуповски“ денеска објави резултати од анкета според која доколку утре се одржат избори 23 проценти од испитаниците би гласале за ВМРО ДПМНЕ а 11 насто за СДСМ.
Додека во албанскиот блок бројките стојат поинаку ДУИ -6,2% наспороти ДПА- 2,2 и Нова Демократија 1,2.
Според институтот „Димитрија Чуповски“ 32 проценти од испитаниците рекле дека не знаат за кого би гласале а 21 дека нема воопшто да гласаат.
XS
SM
MD
LG