Достапни линкови

Јанкуловска: Дојдено е време да се симнат маските


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска изјави дека одлучувањето по наводите од кривичната пријава што ја поднесе СДСМ ќе го покаже вистинското лице на Бранко Црвенковски. Таа додаде дека е дојдено време да се симнат маските и граѓаните да видат кој е на страната на правдата и борбата против криминалот а кој на страната која аболицира, манупилира и заштитува криминал. Јанкуловска најави дека ќе соработува со јавниот обвинител за да се утврди како што вели дали станува збор за основани сомненија или манипулација на Црвенковски.
Претходно СДСМ денеска поднесе кривични пријави против министерката Јанкуловска и директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски за злоупотреба на службена должност.
XS
SM
MD
LG