Достапни линкови

СДСМ поднесе кривични пријави против Јанкуловска и Трајковски


СДСМ денеска поднесе кривични пријави против министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски за злоупотреба на службена должност. Адвокатот на СДСМ Борис Кондарко изјави дека со непреземањето на соодветни мерки спречиле откривање на можно даночно затајување и перење пари. Тој додаде дека кривичните пријави се однесуваат на скандалот со 750-те илјди евра и наводите дека се плаќани партиски реклами на ВМРО ДПМНЕ со државни пари.
XS
SM
MD
LG