Достапни линкови

Азербејџан нема да го ослободи новинарот Фатулајев


Врховниот суд на Азербејџан ја одби жалбата на новинарот Ејнула Фатулајев, чија затворска казна привлече меѓународна критика. Тој е веќе две и пол години во затвор поради недозволено поседување дрога. Против Фатулајев кој е уредник на весник што е критички настроен спрема власта, се покренати неколку обвиненија меѓу кои и истрага за тероризам. Претходно Европскиот Суд за човекови права побара итно ослободување.
XS
SM
MD
LG