Достапни линкови

logo-print

Во Пакистан, нов напад со беспилотно летало


Пакистанските власти соопштија дека во денешниот напад во Северен Вазиристан, извршен најверојатно од американско беспилотно летало загинале петмина милитанти. Ваквите напади, како што јавуваат агенциите, зачестиле во последно време и во нив биле убиени дваесетина бунтовници. Подрачјето на границата меѓу Авганистан и Пакистан се смета за главно засолниште на талибанците и на припадниците на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG