Достапни линкови

Западот против пресудата за Ходорковски


Соединетите Држави ги предводат критиките во светот на новата одлука на судот во Москва со која поранешниот шеф на компанијата за нафта Јукос Михаил Ходорковски уште еднаш е прогласен за виновен и му се заканува казна затвор од шест до 14 години. Западот се сомнева дека пресудата е политички мотивирана со оглед на тоа што Ходорковски е голем критичар на Кремљ.

Во соопштението на Белата Куќа се изразува голема загриженост поради пресудата на поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски кој вчера судот во Москва го прогласи за виновен за кражба на стотици милиони тони нафта од компанијата Јукос.

Белата Куќа е загрижена поради наводите дека во текот на процесот на Ходорковски и на неговиот бизнис партнер Платон Лебедев имало многу неправилности и злоупотреба на правниот систем во недозволиви цели.



Исто така се додава дека пресудата го поткопува рускиот стремеж за зацврстување на владеењето на правата и ја доведува под прашалник нејзината способност да ги зацврсти врските со Соединетите Држави.

Претходно и Стејт департменот оцени дека пресудата има негативни последици за репутацијата на Русија во областа на човековите права

„Овој и сличните случаи имаат негативно влијание врз угледот на Русија во исполнувањето на своите обврски за човековите права и во подобрувањето на климата за инвестирање“, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

Германија, од своја страна, испрати силна европска критика со изјавата на шефот на дипломатијата Гвидо Вестервеле кој оцени дека пресудата претставува чекор назад на рускиот пат кон модернизација.

Британското министерство за надворешни работи пак, наведува дека за рускиот народ би било подобро доколку во земјата постои правосудство целосно независно од владата.

Имено, се смета дека рускиот премиер Владимир Путин стои зад судењето на Ходорковски, чии приврзаници велат дека процесите против него се политички
Овој и сличните случаи имаат негативно влијание врз угледот на Русија во исполнувањето на своите обврски за човековите права и во подобрувањето на климата за инвестирање.
мотивирани и оти тој бил казнет само затоа што се осудил да му се спротивстави на Путин.

Говорејќи во едно телевизиско шоу пред пресудата, Путин изјави дека злосторствата на Ходорковски веќе биле докажани при што ја повтори репликата од еден популарен филм од советската ера, а во кој глуми и бардот Владимир Висотски

„Исто како и добро познатиот лик што го игра Владимир Висотски јас верувам дека крадецот треба да е во затвор.“

Ходорковски во 2003 беше осуден на осумгодишна казна затвор поради затајување данок. Наредната година требаше да излезе од затвор.

Во меѓувреме, против Ходорковски и Лебедев беше покренат нов процес, за крадење нафта и перење пари.

Неговите приврзаници сметаат дека властите спровеле политичко судење со цел Ходорковски, кој е познат критичар на Владимир Путин, да остане во затвор за време на претседателските избори во 2012 година.

Ходорковски, по распаѓањето на Советскиот Сојуз ја основа нафтената компанија Јукос, преку која стекна големо богатство.

Но, тој се разиде со рускиот политички врв откако почна да ги поддржува и да ги финансира активностите на опозицијата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG