Достапни линкови

НАТО ќе го предаде кампот „Ејбл,, во Скопје


Високиот воен претставник на НАТО бригадниот генерал Давид Хумар денеска на министерот за одбрана Зоран Коњановски на свечена церемонија ќе му го предаде кампот „Ејбл Центри,, на скопскиот аеродром, каде што досега беше сместен НАТО штабот. Функциите на кампот „Ејбл,, за поддршка на силите на КФОР во иднина во целост ќе ги извршува македонска армија. Ова, како што посочуваат во министерството за одбрана, претставува уште една потврда за подготвеноста на земјата за членство во НАТО. Во иднина Штабот на НАТО во Скопје ќе биде сместен во Министерството за одбрана и ќе се фокусира врз поддршка на реформските процеси во одбраната.
XS
SM
MD
LG