Достапни линкови

Израел бара привремен договор со Палестинците


Израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху изјави дека ако изрелско- палестинскиот конфликт не биде решен со преговори, тој ќе побара да се постигне привремен договор, а не целосен за каков се залагаат САД. Ист предлог претходно даде и министерот за надворешни работи на Изрел Авигдор Либерман. Но идејата за привремен договор , од страна на палестинскиот преговарач Саиб Ерекат беше оценета како погрешна. Преговорите меѓу Палестинците и Изрелците беа прекинати набргу по нивното обновување под посредништво на САД. Палестинците не сакакт да преговараат се додека Израел не отстапи од градењето на еврејските населби на Западниот брег.
XS
SM
MD
LG