Достапни линкови

САД и Германија со критики за судењето на Ходорковски


Соединетите американски држави и Германија остро ја критикуваа пресудата за поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски. Во соопштението од Белата куќа се наведува дека се вознемирени од начинот на кој се водел процесот кој спред нив е навредлив начин на злоуптреба на рускиот правен систем. Во соопштението се доддава дека со ваквите одлуки се поткопува определбата за владеење на правото во Русија и земјата се одалечува од можноста да ги подобри односите со САД. Германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле, изјави дека начинот на судење кој беше спроведен е многу дискутабилен и претставува "чекор наназад" на патот на Русија за модернизација.
Ходорковски беше прогласен за виновен за кражба на 218 милиони тони нафта.
XS
SM
MD
LG