Достапни линкови

Иран ќе дозволи посета за затворените новинари од Германија


Иранските власти ќе им дозволат на роднините да ги посетат двајцата затворени германски новинари во Иран. Тие беа затворени откако во земјата допатуваа да известуваат за случајот со осудената на смрт Сакине Мохамади Аштиани. Иранските власти велат дека Германците во земјата влегле со туристичка виза и немале соодветна документација дека се новинари. Новинарите беа уапсени во октомври кога се обидувале да направат интервју со синот и адвокатот на жената која е осудена на смрт со каменување. Германските власти се заблагодаруваат на Иран што овозможи роднитите да ги посетат затворените новинари, но во соопштението од министерството за надворешни работи се наведува дека Германија сака да ги види ослободени своите државјани за тие да может да се вратат дома.
XS
SM
MD
LG