Достапни линкови

Лутшенко ќе се товари за уште едно дело


Поранешниот министер за внатрешни работи во Украина Јуриј Лутшенко

Поранешниот министер за внатрешни работи во Украина Јуриј Лутшенко

Украинските власти соопштија дека е отворен уште еден случај против поранешниот министер за внатрешни работи Јуриј Лутшенко кој вчера беше приведен. Повеќе детали за новиот случај не се соопштени. Судот во Киев донесе одлука дека Лутшенко треба да биде задржан во притвор два месеци. За сега Лутшенко е осомничен за проневера на државни пари во владата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко.
XS
SM
MD
LG