Достапни линкови

Мини зоолошка градина во Претор


Злате Спасески, сопственик на зоолошката градина

Злате Спасески, сопственик на зоолошката градина

Злате Спасески, македонски бизнисмен кој инвестира во Претор. Од недоамна тој е сопственик и на мини зоолошка градина што е атракција во Претор.

42-годишниот Злате Спасески е еден од ретките македонски бизнисмени кои ја напуштиле македонската метропола Скопје и после 19 години живот таму, се пресели да живее и инвестира во Претор крај Преспанското Езеро. Тука ги донесе сопругата и едногодишниот син, изгради куќа на два ката, зоолошка градина во дворот, продавница. Отвори и пекара, па околните пет села сега имаат од каде да купуваат леб, под наем зеде 16 бунгалови, летната бавча и плажа. Тука го повлекла убавата клима и вербата дека овој крај може да доживее ренесанса.
Претор од секогаш бил Претор и никогаш не може да изумре


„Мислам дека инвестицијата ќе се исплати. Тука луѓето изгубија надеж, мислеа дека нема ништо да биде, но од ден на ден гледам дека има перспектива. Претор од секогаш бил Претор и никогаш не може да изумре“, вели Спасески.

Зоолошката градина во дворот на Спасески

Тој е голем љубител на птиците, па мини зоолошката градина која ја изгради во дворот е вистинска атракција за овој крај. Се протега на 1000 квадаратни метри, а за опремување на кафезите газдата вложи 7000 евра. Планира да закупи уште 3 хектари површина за одгледување на други животни. Сега во зоо-градината одгледува и 15 верверици, кои тешко се наоѓаат зашто никој во државата не се занимава со нивно одгледување и продажба.

„Имам околу 200 птици. Пауни - плави и шарени. Фазани монголски, златни, платинести, сребрени дијамантски, од пајки мандаринки, каролинки, глуви, диви, украсни кокошки,
Имам околу 200 птици. Пауни плави и шарени. Фазани монголски, златни, платинести, сребрени дијамантски, од пајки мандаринки, каролинки, глуви, диви, украсни кокошки, свилени и многу други.
свилени и многу други. Поголемиот дел од птиците не се од нашиот крај. Сум ги купувал од разни делови на светот. Скоро секоја недела патувам и каде и да разберам дека има птица во регионот која ја немам ја купувам. Некои од овие многу се скапи, но за мене имаат емотивна вредност“, раскажува Спасески.

Иако дел од птиците се од други краишта, им годи преспанската клима.

„Некои сметаат дека папагали кои се тропски птици или живеат во Амазон тука нема да успеат. Јас на минус 30 степени сум чувал папагали надвор и немало никаков проблем. Никогаш не ми угинала ни една птица“, додава Спасески.

Тој е единствениот инвеститор од областа на туризмот кој се пресели и живее во Претор. Другите инвеститори тука се задржуваат преку летото кога очекуваат профит, а остатокот од годината го минуваат на друго место.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG