Достапни линкови

Осуден поранешниот шеф на српската царина Кертес


Српскиот суд го осуди на 8 години затвор шефот на царина во Владата на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ, Михаљ Кертес поради трансфер на милони долари државни пари на странски сметки. Судот за организиран криминал соопшти дека Кертес ја злоупотребил својата должност и го оштетил државниот буџет со нелегалните трансфери на офшор сметки во Кипар за време на санкциите од Обединетите Нации во 90-тите години. Кертес работел по наредби на Милошевиќ кпј почина во 2006тата година за време на судскиот процес против него за геноцид.
XS
SM
MD
LG