Достапни линкови

logo-print

Селективна правда?


Сопственикот на А1 ТВ, Велија Рамковски

Сопственикот на А1 ТВ, Велија Рамковски

Има ли власта двојни аршини? Добро е што државата се грижи за спроведувањето на законите, но лошо е ако тоа се прави селективно, коментираат експертите за случајот Перо Наков.

Добро е кога власта се грижи за спроведувањето на законите, но истовремено неподносливо лошо е кога тие се спроведуваат само врз одредени правни субјекти. Вака стручната јавност ги коментира последните случувања со А1 телевизија. Дали акцијата во која беа приведени сопственикот на А1, Велија Рамковски и уште 15 управители на фирми на „Перо Наков“ е
Зошто ако веќе се води толкава сметка за некршењето на законите, истото не се прави и со другите медиуми. Во Македонија во сферата на медиумите особено оние со национална концесија речиси и да немаме законска ситуација.
меѓу другото обид за замолчување на медиумите кои ги критикуваат владините политики? Има ли власта двојни аршини?
Комуникологот Климе Бабунски одговара дека во конкретниот случај не се работи само за стопанско дисциплинирање.

„Зошто ако веќе се води толкава сметка за некршењето на законите, истото не се прави и со другите медиуми. Во Македонија, во сферата на медиумите, особено оние со национална концесија речиси и да немаме законска ситуација.“

Ваквите постапки на власта, според Бабунски, негативно ќе се одразат на медиумската сцена. Ова ќе биде лош пример за назадување на слободата на медиумите, вели тој.

„Спроведувањето на законите очигледно сега е фокусирано врз т.н. предавници, а оние другите нели, и понатаму можат да работат како и до сега.“
Спроведувањето на законите очигледно сега е фокусирано врз т.н. ,,предавници", а оние другите нели, и понатаму можат да работат како и
до сега.


Професорот Хасан Јашари вели дека е недозволиво мешањето на власта во слободата на медиумите. Не треба да се мешаат новинарството и бизнисот. На ваков начин, и добрата идеја на власта станува брутална, посочува Јашари.

„Требаше владата да го издвои тоа што е новинарска работа од тоа што е затајување на данок, тие се различни работи и има многу начини за државата да ги издвои, да не се попречува работата на медиумот.“

Според упатените, нееднаквата примена на законот во медиумскиот простор може да има само негативни последици во однос на слободата на говорот и демократијата во едно општество.

Од викендов, Рамковски и 15 негови соработници се во затворот во Шутка. Истражниот судија им изрече 30 дневен притвор поради сомневање дека сториле неколку дела од областа на финансискиот криминал.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG